Чолакова-Дервишова: Сите граѓани во „Мој термин“ ни се прикажани како да немаат здравствено осигурување

Лилија Чолакова Девишова, претседателка на Здружението на матични лекари, вели дека тие имаат право да си го наплатат трудот, Фото: Архива

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лидија Чолакова Дервишова за „Слободен печат“ вели дека од утринава на ниеден пациент не може да му се издаде рецепт за лек, ниту пак може да биде упатен во лабораторија за да му се направи крвна слика, зашто во системот „Мој термин“, сите пациенти до еден се обележани со црвено како да немаат здравствено осигурување.

– Во цела Македонија не можеме рецепти да издадеме, сите пациенти ни се покажуваат во системот како да немаат осигурување. Дали Фондот врши трансфер на базите на податоци од „Мој термин“ или нешто друго е во прашање, не знам, ама сите пациенти во системот се обележани со црвено, засегнати се сите пациенти, а први јуни е, прв ден од месецот, сите доаѓаат за хронична терапија, пациенти кои сакаат крвни слики. Цела Македонија ги покажува пациентите со црвено, дека ниеден нема здравствено осигурување. Пред извесно време ФЗОМ имаше известување дека рецептите ќе одат преку нив, а не преку „Мој термин“. Не може без да не известат тоа да го прават. Аптеките не издаваат рецепти, а лабораториите не примаат. Во аптеките дури и да напишеме нешто, аптекарот вели дека во системот на аптекарот го дава како да е без осигурување. Во системот на лабораториите без осигурување. Само на едно место ако кликнеме проверка на осигурување, во друг дел од програмот, дава дека имаат осигурување. Луѓето се револтирани, изјави доктор Чолакова Дервишова за Слободен печат.

Жаклина Чагоровска од електронскиот систем „Мој термин“, вели дека проблемот е надминат и дека траел само неколку часови.

-Фајлот од Фондот се корегираше и сега проблемот е среден, изјави таа за Слободен печат.

Пред само две недели матичните лекари исто така се соочуваа со сличен проблем, на нефункционален електронски систем кој често пати крахира. Пациентите тогаш мораа да си ги купуваат лековите на приватно, иако имаат здравствено осигурување зашто системот за издавање рецепти не работеше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот