Чоколади, колачи и вафли кои се добри за вашето здравје: Руски научници развија рецепти за безгрижно уживање во слатките задоволства

Unsplash
Unsplash

Истражувачите од рускиот универзитет „Плеханов“ (PRUE) развија рецепти за слатки кои помагаат во одржување на здравјето, продуктивноста и силата.

Здравите кондиторски производи вклучуваат чоколадо, колачи и вафли со зголемена хранлива вредност, објави прес – службата на универзитетот, пренесува Спутник.

Овие кондиторски производи помагаат во заштитата на организмот од агресивни слободни радикали и овозможуваат рамнотежа на витаминскиот и микроелементарниот состав на храната во согласност со возрасните потреби на организмот, наведоа експертите.

Тешко е да се направи здрави и слатки кондиторски производи, бидејќи тие се калорични, сепак, истражувачите успеале да ја зголемат хранливата вредност со додавање на растителни и животински протеини и биолошки активни супстанции. Во исто време, овие слатки го задржуваат традиционалниот привлечен вкус.

„Моделиравме рецепт од две протеински компоненти кои се најблиску до „идеалните“ протеини во однос на есенцијалната содржина на аминокиселини. Овие компоненти придонесуваат за подобро варење, апсорпција и асимилација на протеините. Конечната содржина на хранливи материи во производите одговара на препорачаните додатоци во исхраната“, истакнала Манана Ткешелашвили, заменик директор на истражувачкиот Институт за безбедност на храна на рускиот Универзитет „Плеханов“.

Здравите слатки развиени од руските научници може да се направат во секоја фабрика за производство. Сите нови сирови состојки може да се купат во Русија, а увезените да се заменат.

„Овој рецепт користи нетрадиционални билни суровини од руски производители, високо -протеински сончогледов прав и билни препарати за вегани кои го заменуваат млекото“, истакнала Манана Ткешелашвили.

Таа посочи дека овие состојки никогаш порано не биле користени во ваква комбинација во производството на чоколадо и други слатки. Во исто време, цената на новите состојки е слична на цената на шеќерот, што позитивно влијае на крајната цена на овие производи. Исто така, слатките се богати со вредни аминокиселини и силимарин со хепатопротективни својства, што позитивно влијае на функцијата на црниот дроб и телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот