Чоколаден колач со банани за кој не ви е потребна рерна (РЕЦЕПТ)

Оригинален десерт кој ќе им се допадне дури и на оние кои многу пребираат…

Потребни состојки:

– 2 големи зрели банани
– 100 грама крупно исечкани ореви
– 60 грама какао во прав
– 100 грама омекнат путер (може и кокосов)
– 4 лажици мед
– 1/2 лажичка цимет
– прстофат сол
– ванилин шеќер

 

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во еден сад, а потоа матете со миксер сè додека не добиете мазна смеса.

Поставете хартија за печење во четириаголен сад и потоа префрлете ја смесата таму. Израмнете ја, покријте ја и ставете ја во замрзнувач на околу половина час.

Ако сакате, можете декоративно да додадете исечкани банани и на врвот на колачот. Добар апетит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот