Чочоровска: Со дарувањето на крвна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот

Четириесет и тригодишната Билјана Чочоровска е излекувана пациентка од коронавирусот, која покрај тоа што даруваше крвна плазма, ги охрабрува сите оние кои ги исполнуваат условите, да го сторат истото.

„Дарував крвна плазма затоа што сметам дека ја зголемуваме шансата и надежта да помогнеме на секој оној којшто се бори против ковид-19. На 22 јуни ми беше дијагностициран коронавирус и го прележав во период од две недели. Среќна сум бидејќи имав лесни симптоми. Со дарувањето на конвалесцентна плазма сакам да помогнам на тие кои во овој момент се борат со вирусот, а нивните симптоми се значително посилни. Ги охрабрувам сите кои се мислат дали да даруваат крвна плазма и воедно ги исполнуваат условите за тоа, да го сторат истото без двоумење. Постапката за проверка на присуство на антитела е брза, лесна, ефикасна и организирана, а чувството е прекрасно кога знаете дека можеби ќе помогнете некому во борбата против коронавирусот.“ – вели Билјана Чочоровска (43), излекувана пациентка од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот