Членовите на СДСМ на пролет ќе избираат претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по одржувањето на 25-тиот Конгрес на СДСМ изјави дека на пролет членовите на СДСМ ќе избираат лидер преку гласање.

„Новиот претседател на СДСМ ќе биде избран на директни, непосредни избори следната година во првото полугодие кога истекува мандатот на ова раководство“, соопшти Заев.

Тој додаде дека секој член кој најмалку 5 години бил во партијата и поминал мандат како член на централниот одбор може да се кандидира за нов претседател.

Претседателот Заев ги повика и другите партии да го следат примерот на СДСМ и да се менуваат да го зглемуваат степенот на демократија затоа што тоа е во интерес на државата и граѓаните,

„Со овој Конгрес и со предлог измените СДСМ поставува нови демократски стандарди на партиско делување во Република Северна Македонија. Ги охрабрувам и другите партии да го следат нашиот пример и да се менуваат на подобро. Тоа ќе биде додадена вредност за нашата македонска демократија и за нашиот политички плурализам” заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот