Членови на „Пинк пантери“ уапсени во Дизелдорф

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Крадците се приведени, а се сомнева дека извршиле кражби и во други земји на ЕУ.

Тројца српски државјани, за кои се сомневаат дека се членови на групата „Пинк пантери“ се уапсени во Дизелдорф по грабеж на златара, што го извршија за време на полицискиот час.

Двајца од уапсените влегле во златарницата „Христ“ во центарот на градот.

По грабежот двајцата крадци побегнале со возило „голф“. Полицијата тргнала во потера по нив, успеала да ги стигне и да ги уапси.

Третиот член на бандата е уапсен во хотел. Тој не бил директно вклучен во грабежот, но бил информиран за планот и бил член на бандата.

Крадците се приведени, а се сомнева дека извршиле кражби и во други земји на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот