Членови на ИСИС уапсени во Германија: Планирале убиство во Албанија и напад на американските трупи

Германската полиција уапсила пет членови на Исламска држава кои планирале напад на американските сили во Германија, убиство на критичари на исламот од Нојс и едно убиство во Албанија.

Уапсените членови на Исламска држава планирале убиство на критичарот на исламот Амир Масуд Арабпур М. кој живее во Нојс, во близина на Диселдорф.

Арабпур, бивши муслиман со потекло од Иран, се префрлил во христијанство и редовно објавувал снимки на Јутјуб во кои го доведувал во прашање учењето на Куранот. Исламска држава го прогласила за свој непријател уште на почетокот на 2019 година.

Членовите на Исламска држава планирале напад на американските сили во Германија, но и едно убиство во Албанија, пренесува Ерусалим пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот