Членки на Советот за безбедност на ОН бараат прекин на огнот во Сирија

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Според податоците на ОН, од почетокот на офанзивата во Идлиб во декември, раселени се повеќе од 800.000 луѓе.

Четири европски земји, членки на Советот за безбедност на ОН, побараа запирање на офанзивите во сириската провинција Идлиб.

Државите го изнесоа ваквото барање по неофицијалниот итен состанок на тој орган на ОН одржан на барање на САД.

– Бараме сириските власти и нивните сојузници веднаш да ја завршат воената офанзива и да спроведат трајно примирје, да гарантираат заштита на цивилите и во потполност да го почитуваат меѓународното хуманитарно право – се наведува во заедничката декларација.

Потписници на декларацијата на Естонија, Белгија и Германија, кои се нестални членки на Советот за безбедност на ОН, како и Франција која е стална членка. На декларацијата ѝ се придружи Полска која е поранешен член на тој орган на ОН.

Дипломатски извори соопштија дека на состанокот немало обиди за постигнување на заедничка декларација на 15-те земји членки на СБ на ОН поради евентуалното противење на Русија, која ги поддржува сириските власти во офанзивата во Идлиб.

– Не може да има воено решение за сирискиот конфликт – се додава во декларацијата на европските земји на кои не им се придружи Велика Британија, уште една европска земја која учествуваше на состанокот, а која неодамна ја напушти ЕУ.

Дипломатски извори наведоа дека на Велика Британија ѝ се дадени инструкции во ОН некое време да не ги придружува другите европски земји во некои активности.

Според податоците на ОН, од почетокот на офанзивата во Идлиб во декември, раселени се повеќе од 800.000 луѓе.

Идлиб претежно е под контрола на џихадистичката група Хајат Тахрир ал Шам и други бунтовници. Властите кои контролираат околу 70 отсто од сириската територија, соопштија дека во неколку наврати се решени да ја повратат контролата над Идлиб.

Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад со поддршка на руското воздушно воздухопловство од 16 декември го засилија бомбардирањето на тоа подрачје, додека во исто време се водат борбите со џихадистите и бунтовниците, и порај претходно најавеното примирје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот