Членки на ЕУ ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози вакцини против Ковид – 19

За својот удел во договорот, Италија ќе плати околу 185 милиони евра за 75 милиони дози.

Италија, Германија, Холандија и Франција ќе платат 750 милиони евра за 300 милиони дози на потенцијалната вакцина на „Aстра Зенека“ против Ковид-19 како дел од европски договор за гарантирање на набавка на лекови. Тоа го изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство во Рим.

– Четирите земји на ЕУ имаат можност да купат дополнителни 100 милиони дози, рече портпаролот.

За својот удел во договорот, Италија ќе плати околу 185 милиони евра за 75 милиони дози.

Паралелно, Германија ќе стекне удел во биотехнолошката компанија CureVac, која работи на вакцина против Ковид-19, објави денеска министерот за економија Питер Алтмејер. Германската Влада ќе се здобие со 23 проценти од компанијата за 300 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот