„Чкембари“: Зошто не може истиот протокол да важи и за натпреварите на ФК Пелистер?

фото: facebook.com/1985ckembari

Верната навивачка група „Чкембари Битола“ едвај го чека моментот кога повторно од трибините ќе ја дава неопходната поддршка за фудбалскиот клуб Пелистер.

Викендов започнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер во првото коло денеска од 17.30 часот на Градскиот стадион Под Тумбе Кафе е домаќин на Академија Пандев.

Поради ситуацијата со Ковид-19 првенствените мечеви се играат пред празни стадиони, а „Чкембари“ на својата официјална фејсбук страница напишаа дека еден фудбалски натпревар не е комплетен без навивачите на трибините.

Во месец август на Хераклеа се закажани неколку музички концерти, претходно на Хераклеа исто така беа одржани и политички трибини… истите ќе бидат т.е. беа одржани со соодветни безбедносни протоколи, и со намален капацитет.

Прашуваме, зошто не можи истиот протокол, истите правила да важат и за натпреваритe на Фк Пелистер Под Тумбе Кафе, и воопшто низ стадионите во Македонија. Нека надлежните обележат каде посетителите можат да седат, да биде задолжително носењето на маска, на влез да се мери температура итн…

Оваа здраствена криза може дa трае подолго време, и мора да се пронајде начин да продолжиме да функционираме. Го поздравуваме потегот културните настани да бидат со публика, и апелираме истото да се примени и за спортските настани. Фер е и спрема спортистите, навивачите а и самите финансиери на спортските клубови.

ПЕЛИСТЕРЦИ, со среќа во новата сезона и се надеваме дека за скоро заедно ќе ги славиме успесите што ни претстојат.
ФУДБАЛОТ БЕЗ НАВИВАЧИ НЕ Е ФУДБАЛ!!!

Чкембари Битола

Составот на ФК Пелистер за сезоната 2020/21: Трајчевски, Талески, Илиевски, Јовчевски, Исмаили, Каковски, Борха, Драгарски, Илиески, Стефановски, Милевски, Стојановски, Илијевски, Бошковски, Спиркоски, Танушев, Николовски, Андоновски, Фејзуловски, Кочоски, Поповски, Маневски, Фазлиу, Пејаковиќ, Хот, Нето, Талевски, Торнески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот