Читањето еротски приказни ја враќа сексуалната енергија

Еротскиот роман „Педесет нијанси сиво“ / Фото: EPA/KAREL PRINSLOO

Романтичната еротика кај повеќето жени побудува чиста и силна радост. За разлика од мажите кои најчесто реагираат на она што го гледаат, жените се возбудуваат од емоционалната стимулација. Токму затоа доколку сакате да го зачините вашиот сексуален живот, треба веднаш да почнете со читање еротски приказни.

Ќе ја вратите вашата сексуална енергија

Читањето романтична еротика го активира телото, умот и душата. Тоа ќе ви го стави сексот во прва линија и вие брзо ќе заборавите на вашата улога како жена, мајка, работник или работодавач и веднаш ќе се префрлите во вашата сексуална фантазија. Читањето задоволителни љубовни сцени ќе ги измеша вашите емоции, кои се директно поврзани со вашето либидо, започнувајќи во вас емоционална предигра.

Ќе го засилите сексуалното задоволство со фантазија

Вие секако нема да се вклучите во тројка, четворка или петорка, на јавно место каде што би можеле да бидете видени во секој момент (или можеби грешиме?), но доколку читате за вакви сексуални настани вие ќе разбудите различни видови палавост во вашата спална соба. Истражувањето на вашите фантазии ќе го подобри и вашето задоволство и задоволството на вашиот партнер. Со помош на овие приказни создадете зона каде што сè е дозволено, забавно и исполнето со задоволство.

Ќе научите нови трикови

Интелигентните девојки кои ги пишуваат овие приказни ни покажуваат прекрасен увид во здравата сексуална комуникација помеѓу партнерите. Тие исто така знаат и точно како работи мозокот на жените, па немаат проблем лесно да нè одведат таму. Од друга страна пак, можете да научите многу нови трикови и пози кои и самите подоцна би можеле да ги испробате со вашиот партнер.

Ќе се чувствувате одлично

За оние дами кои се потпираат на факти и статистика, истражувачите откриле дека жените кои читаат романтични новели имаат и до 74% повеќе секс од жените кои не го прават тоа. Кога жените фантазираат често (како што го прават тоа додека читаат еротични новели), тие не само што имаат секс често, туку истовремено и многу повеќе се забавуваат во креветот, бидејќи се вклучуваат во разновидни еротски активности.

Среќен крај

Доколку ви е здодеано да ги читате сите оние приказни кои се движат по истиот образец и кои на крај на некој начин ви прават да се чувствувате депресивно и истоштено, тогаш можеби дефинитивно е време да преминете на романтична и еротска приказна. Во овие книги вие секогаш ќе доживеете среќен крај, кој ќе ви делува како хедонистичко бегство од реалноста, но од кој постојат големи психолошки придобивки и силно емоционално задоволство кое понатаму ќе го пренесете и врз вашата врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот