„Читај каде и да одиш“ – Летен фестивал на книгата во ТРИ

Издавачкиот центар ТРИ започнува уште едно издание на Летниот фестивал на книгата што секое лето го одржува во своите книжарници. „Читај каде и да одиш“ е мотото на годинешното издание за кое ТРИ најавува многу нови изданија, најголеми попусти досега, промоции, наградни игри и акции што пријатно ќе ги изненадат сите љубители на добрата книга.

Фестивалот подразбира промоција на нови атрактивни наслови идеални за летната сезона – трилери, мистерии и љубовни романи. Дополнително, љубителите на книгата ќе можат да уживаат во разновидната понуда од над 1.000 изданија на ТРИ и Паблишер, книги од сите жанрови – и за оние што летото го користат за уживање и за оние за кои тоа е време за лична надградба и работа на себе.

До крајот на летото читателите ќе можат да ги набават посакуваните книги со специјални фестивалски попусти од 20 до 70%. Покрај тоа, ТРИ издвои посебна понуда од 80 одлични наслови кои ќе бидат достапни во специјални акции – 3 книги за 499 денари, 5 книги за 499 денари, пакети и дополнителни попусти. Преку своите фејсбук и инстаграм профили, ТРИ преку целото лето ќе ги наградува активните и посветени читатели со бесплатни примероци!

Фестивалот на ТРИ е познат и по промоциите и средбите со автори што постојано се организираат во книжарниците. Фестивалот започнува со гостувањето на данската авторка Јане Телер, која ќе допатува во Скопје да го промовира својот роман „Ништо“, во издание на Паблишер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот