Чистка на „Камп Ноу“: Барселона отпиша 12 играчи!

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Како што информира шпанската „Марка“, каталонскиот клуб најавува големи промени пред стартот на следната натпреварувачка сезона 2020/2021. Барселона која не успеа да ја освои титулата во „Ла Лига“, има намера да отпише 12 играчи, со продажба или размена.

На листата се наоѓаат: Иван Ракитиќ, Нето, Нелсон Семедо, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Артуро Видал, Усман Дембеле, Мартин Брајтвајт, Карлес Алења, Рафиња, Жан-Клер Тодибо и Филипе Кутињо.

Шпанскиот весник додава дека не е сигурно дека баш сите ќе си заминат од „Камп Ноу“, а особено тоа се однесува на Дембеле и Кутињо, едни од најскапите трансфери во Барса.

Бразилецот има годишна плата од 11 милиони евра и е на позајмица во Баерн Минхен, а светскиот шампион со Франција Дембеле еден милион повеќе, иако го немаше на терените сезонава поради повредите.

Останатите 10 играчи би можеле да заминат на позајмица, доколку нема трансфери, со цел кратење на буџетот и заштеда за да се соберат пари за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

-ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ КАКО ЕДИНСТВЕНА НАДЕЖ ЗА БАРСЕЛОНА-

Тренерот Кике Сетиен е под голем притисок после неуспешната борба со Реал Мадрид во првенството, па така последната надеж ја гледа во Лигата на шампионите каде што неговите играчи го чекаат реванш осминафиналето против Наполи на Елиф Елмас, откако првиот меч заврши 1:1. Сезоната може единствено да се спаси со освојување на европската титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот