Чиста „десетка“ за Серафимов, растури против Бахреин

wch2019championship.com.mk

Десниот бек на Металург и на македонската кадетска репрезентација, Мартин Серафимов, денеска го одигра својот најдобар натпревар во досегашниот тек на кадетското СП во Скопје.

Со 10 постигнати голови од 14 обиди, тој даде огромен придонес за победата на Македонија на средбата против Бахреин.

Токму поради тоа, Серафимов беше прогласен за најдобар играч на средбата.

– Одигравме тежок натпревар и на крајот заслужено победивме. Го оставивме срцето на теренот, не се откажавме, „киневме“ во одбрана, дававме голови во напад, голманите бранеа… сè најдобро за момците и за стручниот штаб. Но, математички ништо не е готово. Не треба да скокаме, мораме да одиме чекор по чекор. Да гледаме кон Данска и кон Јапонија, да одиме на најдоброто. Се надеваме дека ќе одиме уште подалеку од осминафиналето. Се намали малку притисокот врз нас, по лошиот старт на првенството. Потребни ни беа овие две победи, за да нè кренат на нозе – изјави Серафимов по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот