Чилеанскиот претседател Бориќ објави план вреден 3,7 милијарди долари за закрепнување на економијата

Габриел Бориќ Чиле EPA-EFE/Elvis Gonzalez

Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, објави план за економско закрепнување од 3,7 милијарди долари, кој вклучува зголемување на минималната плата, субвенции и финансирање за секторите на економијата кои сè уште се борат со последиците од пандемијата на ковид-19, пренесува Ројтерс.

Клучните цели на планот, рече претседателот, вклучуваат создавање на 500.000 работни места и зголемување на тековната месечна минимална плата од 350.000 пезоси (434 долари) на 400.000 пезоси (496 долари) до крајот на годината.

„Сите знаеме дека живееме низ тешки времиња и наша должност е да работиме на ублажување на грижите што ги имате“, рече Бориќ, левичар кој ја презеде власта минатиот месец.

Повикувајќи се на растот на цените и инфлацијата, тој рече дека владата ќе ги замрзне цените на јавниот превоз до крајот на годината и ќе ги субвенционира цените на горивата.

Бориќ, поранешен студентски демонстрант, исто така најави дека стипендиите за храна за студентите ќе се зголемат за 15%. Тоа беше главното барање на првиот организиран протест за време на неговото претседателствување во март.

Планот вклучува и субвенции за родители на мали деца, еднократна исплата за културните работници и фонд од 300 милиони американски долари за локалните власти кои ќе ги користат за инфраструктура.

Бориќ рече дека планот има за цел да им помогне на оние „кои не нашле приватна или државна помош да продолжат понатаму“, и ќе понуди финансирање за малите рудари и 100.000 мали бизниси без пристап до банките.

Централната банка на Чиле минатиот месец ја намали прогнозата за економски раст за 2022 година и предвиде дека годишната инфлација би можела да достигне 8,2%.

„Знаеме дека овој план за закрепнување е почетна точка“, рече Бориќ. „Големите промени не се прават преку ноќ и за овие промени да бидат одржливи, тие треба да се спроведуваат одговорно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот