Чиле ќе издава „светски пасош“ за излечените од коронавирус

Фото: Миа

Чиле планира да стане прва држава која ќе издаде „светски пасош” на лицата кои по заздравувањето од новиот коронавирус стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето.

Специјалниот пасош би им овозможил на сите лица во светот кои заздравеле или се тестирани на антитела да можат да се вратат на работа.

Според претставничката на чилеанското Министерство за здравство, Паула Даза, повеќе од 4.600 луѓе во земјата веќе имаат право на специјален пасош.

Всушност тие луѓе можат најмногу да и помогнат на заедницата, бидејќи не претставуваат ризик, изјави министерот за здравтсво на Чиле, Џеиме Мањалич.

Во Чиле досега се тестирани најголем број на луѓе од другите држави во Јужна Америка, при што се потврдени 10.507 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 139 починале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот