Чикаго го има новиот „Мајкл Џордан“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Коби Вајт е новиот миленик на навивачите на Чикаго Булс, 19-годишниот играч блесна со својата партија во победата на „биковите“ против Њујорк од 120:102.

Овој дебитант против Никси прво не ги реализираше првите пет шутеви од игра, а последната четвртина ја започна со само четири поени.

После тоа следуваше неговото шоу на паркетот, за 10 минути погоди дури седум тројки, на тој начин поставувајќи нов рекорд на клубот чија легенда е Мајкл Џордан.

– Овој играч е супер талент. Има неверојатна брзина, тоа треба да се почитува. Штом почне со реализирање на поени, тешко е да го запрете – рече тренерот на Њујорк, Дејвид Физдејл.

Коби Вајт како резервна беше најефикасен играч на натпреварот, го заврши мечот со 27 поени, два повеќе од клупскиот колега Зек Левин, а пет повеќе од првиот стрелец на Никс, Маркус Морис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот