ЧИЈА СОБА Е НАЈНЕУРЕДНА? Татко ИЗНЕРВИРАН од нередот во собата на ќерка му започнал „војна“ на Твитер

Твитер

Водителот на BBC, Ники Кемпбел, одлучил да стави крај на нередот на неговата ќерка и објавил фотографија од нејзината соба.

„Ова е сосема неприфатливо. Имаш скоро 19 години и смачено ми е. Не ми е гајле дали ќе исчистиш. Навистина ме лути ова“, напишал Кемпбел и објавил фотографија од собата на својата ќерка на Твитер.

Најлошо од сè е што се испоставило дека воопшто и не е толку неуредна во споредба со другите.

Брзо почнале да се јавуваат и други родители. Некои дури напишале дека ќерка му е „аматерка“ и со фотографии аргументирале што значи да се биде „професионалец“ на несредна соба.

Твитер

„Ајде да се замениме. Јас ја земам твојата ќерка, а ти мојот син, студент по медицина кој беше дома „две минути“, напишала корисничката Луис.

Твитер

„Одбивам да ја исчистам или да ја уредам собата додека таа живее вака“, коментирала една мајка.
Ја прифаќам понудата и ја зголемувам (ова не е фотошоп), напишала Линдзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот