Чевлите на Џулија Робертс: Некои ги сакаат, некои не можат да ги смислат (ФОТО)

Profimedia

Американската глумица Џулија Робертс беше гостинка на еден натпревар на поло во Лос Анџелес што се одржа во паркот „Вил Роџерс“.

Со својот стајлинг потсети на улогата што ѝ ја обележи кариерата. Секако, станува збор за ликот на проститутката Вивиен Вард од легендарниот филм „Убава жена“.

Во една од сцените таа го придружува својот клиент Едвард Луис (Ричард Гир) на натпревар на поло, облечена во фустан со точки и бели чевли.

Глумицата и за овој вистински натпревар во Лос Анџелес избрала слична гардероба. Носела црна блуза со бели точки, а на нозете повторно имала бели чевли.

Во филмот носеше салонки, а за оваа пригода одбрала таканаречени „оксфордки“ од брендот The Office of Angela Scott, кој има блок-потпетица со висина од 6 сантиметри.

Image result for julia roberts polo shoes
Profimedia

Ова е еден од моделите на чевли околу кои никогаш не можат да се усогласат мислењата. Некои ги сакаат, а некои не можат ни да ги смислат. За жените кои не сакаат високи потпетици оксфордките се фантастичен модел, а дамите што преферираат високи штикли, ретко ќе посегнат по нив.

Можеби токму моделот на Џулија Робертс со средно висока потпетица е оној што ќе им се допадне на двете страни.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот