Четврто издание на фестивалот на светлината „Skopje Light Art District“

Четврто издание на фестивалот на светлината / Фото: Фејсбук(Skopje Light Art District)

Во Скопје денеска почнува четвртото издание на Фестивалот на светлината.

Фестивалот „Skopje Light Art District“ ќе трае четири дена, а главната тема на годинашното издание е Сонцето како непресушен извор на светлина и бесконечен извор на енергија.

Почетокот на Фестивалот на светлината, денеска на прес-конференција ќе го означат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, директорот на Универзална сала Филип Аврамчев и уметничкиот директор на фестивалот Александра Стратимировиќ.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот