Четвртиот дел од „Матрикс“ без Киану Ривс?

Иако Матрикс е еден од најзначајните филмови од крајот на 20 век, сепак е и еден од многубројните чии продолженија не беа достојни на првиот дел. Тоа би можело наскоро да се смени со четвртиот филм од оваа франшиза, кој сепак веројатно нема да го врати Киану Ривс во улогата на Нео.

Во новиот филм, според гласините, улогата на Нео би можела да ја преземе ѕвездата на „Црниот пантер“ и „Крид“, Мајкл Б. Џордан.

Сè уште не е познато дали новиот „Матрикс“ ќе биде класично продолжение или спиноф, а снмањето би требало да почне следната година.

Дополнително збунува што Киану Ривс во мај, додека го промовираше „Џон Вик 3“ изјави дека „совршено сценарио за Матрикс 4 би било подарок“ и дека „не би можел да каже не за враќање во филмот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот