Четвртина од децата во Британија не пробале јаболко, петтина не слушнале за банана

Instagram

 Стотици британски деца никогаш не пробале јаболко во животот, или четвртина од анкетираните, а петтина не пробале банана, покажуваат податоците од студија, во која учествувале 1.000 деца на возраст од 6 до 11 години.

Британскиот весник „Сан” посочува дека многу деца не знаат многу од каде потекнува овошјето и зеленчукот, па третина од нив веруваат дека овошјето и зеленчукот едноставно доаѓаат од супермаркетите, додека 11 проценти од нив веруваат дека се произведени во фабрика.

Други плодови за кои не слушнале се јагоди (21 процент), лимони (27 проценти), додека 31 процент никогаш не јаделе портокал. Анкетата е на „Беко” и „Harvest Fresh Fridge”.

Студијата открила дека 32 проценти од децата сметаат дека овошјето и зеленчукот се од друга земја, секој десетти верува дека ниeдно овошје не е одгледувано во Велика Британија.

Многу деца не слушнале за пченка (29 проценти), карфиол (33 проценти) и моркови (25 проценти). Некои никогаш не пробале брокула (36 проценти), грашок (34 проценти) и компири (29 проценти).

Повеќе од една третина од анкетираните деца признале дека не знаат кое овошје и зеленчук треба да се чува во фрижидер, а кои е најдобро да се чуваат на собна температура. И додека 63 проценти од анкетираните преку OnePoll се свесни дека витамините се важни за здрава исхрана, секое 20-то дете верува дека во бисквитите и чипсот ги има најмногу.

Студијата покажа дека омилено овошје и зеленчук кај децата се јагоди (52 проценти), јаболка (40 проценти) и моркови (40 проценти)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот