Четврти ден протести во Бугарија: Демонстрантите бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Илјадници луѓе денеска се собраа пред канцеларијата на претседателот Румен Радев, а во моментот демонстрантите го опколија центарот на Софија и бараат оставка од Владата и јавниот обвинител.

Демонстрантите извикуваат „мафија” и „оставка”.

Во Софија четврти ден по ред се одржуваат антивладини протести, а денеска протест имаше и во Благоевград. Околу 50 луѓе исто така бараат оставка од Владата.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во вчерашното обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Додека премиерот Бојко Борисов денеска изјави дека „демократски начин за преземање на власта е на избори” и апелираше до демонстрантите да се воздржат од насилство и судири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот