Четвртфинални двојки на СП: Нема да гледаме финале САД-Србија!

fiba.basketball

Вкупно осум репрезентации останаа во битка за златниот медал, досега единствено непоразени селекции на шампионатот со пет максимални победи се Аргентина, Шпанија, САД и Австралија.

После натпреварите од петтото коло, во групите К и Л, познати се сите четвртфинални парови на Мундобаскет 2019 во Кина.

Бранителот на светската титула, репрезентацијата на САД ќе ги одмери силите против селекцијата на Франција. Победникот од таа средба во полуфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од пресметката Аргентина-Србија.

Евентуалното „финале“ пред финалето помеѓу САД и Србија, кои досега се најавуваа како најголеми фаворити за тронот, би се играло на 13 септември во Пекинг каде што и ќе се играат полуфиналните дуели, и натпреварите за третото место и светската титула.

Светско првенство Кина 2019

Четвртфинале, двојки –

10 септември

Аргентина-Србија (13.00 часот)
Шпанија-Полска (15.00 часот)

11 септември

САД-Франција (13.00 часот)
Австралија-Чешка (15.00 часот)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот