Четвртата сопруга му го скршила срцето на Салман Ружди, а објавила „одмазнички мемоари“ по разводот

Фото: MARCEL ANTONISSE/AFP Foto: Profimedia/Instagram

Писателот Салман Ружди, кој завчера беше нападнат со нож во Њујорк, се женеше четири пати. Четвртата сопруга беше актерката Падма Пакшми. Ова се деталите од приказната за нивната врска.

„За мене беше прекрасно затоа што конечно имав некој што ме разбира бидејќи и тој беше од Индија,  исто така живееше на Запад и беше многу добар во балансирањето на тие два света“, изјави Падма Лакшми за магазинот „Пипл“ во 2016 година, зборувајќи за своите мемоари „Љубов, загуба и што јадевме“ (Love, Loss and What We Ate).


Актерката и писателот се запознале во 1999 година на забава во Њујорк. Во тоа време тој сè уште бил во брак со својата трета сопруга, Елизабет Вест. Падма тогаш беше амбициозен модел и актерка. Во 2006 година играше покрај Мараја Кери во филмот „Glitter“, а потоа доби улога во кулинарската емисија „Топ готвач“, на кој и посвети 15 години и која ја одбележа нејзината кариера.

Парот го имал првиот состанок во Централ Парк и потоа имаше интимни односи.

„Ме заведе со своите зборови“, изјави таа за „Пипл“.

Таа истакнувала дека го обожава неговото достоинство и ставот што го има кон големите светски конфликти.

„Тој е млад во срцето“, рекла таа, бранејќи го додека го напаѓаа затоа што се појавува на холивудските забави.

„Единствената причина зошто Салман излегува по клубови е затоа што јас го носам таму, тој едноставно ги сака своите книги. Навистина му недостасува библиотеката во Англија“, рекла таа и истакнала дека тој е најдоброто нешто што ѝсе случило во животот и дека е факт дека некој од неговиот калибар ѝ обрнал внимание било навистина неверојатно.

Фото: Andrea Renault/ Zuma Press/ Foto: Profimedia

Романсата на Падма и Салман траеше од 1999 до 2007 година. По три години заеднички живот, парот се венча во април 2004 година. За жал, оваа љубовна приказна немаше среќен крај.

Според Падма, првите години од нивниот брак биле „блажени“. Меѓутоа, како што напишала во своите мемоари, здравствените и професионалните проблеми ја нарушиле нивната врска. Падма боледува од ендометриоза, болно нарушување на матката. Имала страшни хронични болки и била принудена да одреден временски период да не станува од кревет. Здравствената состојба ја спречила да има сексуални односи.

Во мемоарите што „Гардијан“ ги стави на листата на „мемоари за одмазда“, таа напишала дека Салман нејзиниот брак го нарекол лоша инвестиција поради нејзините здравствени проблеми и дека на нејзините зборови дека е болна и не може имај секс, одговарал во стилот „интересно што тоа го кажуваш сега“. Таа открила дека морала да го теши секоја година откако ќе ја загубил трката за Нобеловата награда.

„Мислам дека Салман го сфати тоа лично и мислам дека се чувствува отфрлен и можам да го разберам тоа“, изјавила актерката подоцна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Padma Lakshmi (@padmalakshmi)


Тој за нивната врска пишувал во трето лице во книгата објавена во 2012 година.

„Нејзините чувства кон него беа вистински, но испрекинати. Таа беше амбициозна на начин што често ги бришеше нејзините чувства. И на крајот, неизбежно, таа му го скрши срцето како тој што ѝго скрши на Елизабета“.

Падма нагласила дека неговата огорченост во бракот растела како што напредувала нејзината кариера, а нејзе ѝ било важно да изгради сопствен идентитет. Тој во една прилика рекол дека нејзе воопшто не ѝ одговарало да биде втора виолина.

Според нејзините зборови, таа го сака и го смета за член на нејзиното семејство. Падма Лакшми во меѓувреме се омажи и доби ќерка. Ружди е татко на две деца.

Кој е Салман Ружди, британскиот писател нападнат среде Њујорк?

Салман Ружди е тргнат од респиратор и може да зборува

Познатите светски писатели реагираат по обидот за убиство на Салман Ружди во Њујорк

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот