Четврта седница на ЗЕЛС во Струга

Градоначалниците и претставниците на општинските совети денеска во Струга ќе дискутираат за предизвиците во локалната власт на четвртата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија.

Од ЗЕЛС најавуваат дека на седницата ќе дискутираат за актуелните предизвици на локалната власт, а ќе бидат изнесени и одредени предлози и иницијативи за следните правци на дејствување на децентрализацијата во земјата.

Пред делегатите ќе се обрати и претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, а ќе бидат разгледани и одредени измени и дополнувања на Статутот на ЗЕЛС, како и Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година.

Генералното Собрание на ЗЕЛС го сочинуваат сите градоначалници на единиците на локалната самоуправа, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Членови на ова тело се и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС, каде има по еден претставник од општинските совети од секој од осумте плански региони и еден претставник од Советот на Град Скопје. Генералното собрание на ЗЕЛС има вкупно 90 делегати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот