Четворица ранети пред дискотека во Мелбурн - Слободен печат
ВестиПланета

Четворица ранети пред дискотека во Мелбурн

Тројца од повредените се на возраст меѓу 29 и 50 години.

Четири лица се повредени и веднаш хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба при оружен напад во близина на дискотека во австралискиот град Мелбурн, соопшти локалната полиција.

Западните медиуми, кои се повикуваат на полицијата од државата Викторија, објавија дека еден маж им подлегнал на повредите в болница. Тројца од повредените се на возраст меѓу 29 и 50 години.

По полицијата соопшти дека во инцидентот, кој се случи во 3.20 часот утрово по локално време, се повредени голем број луѓе.

– Според истрагата има голем број повредени лица на излезот од дискотеката – посочија од полицијата, без да наведе детали за нападот.

Засега нема информации дали станува збор за терористички напад.

Полицијата, која моментно врши истрага, повикува сведоци и лица кои евентуално го снимиле напаѓачот да им се јават.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close