Четворица повредени во сообраќајна незгода во Скопје

Вчера во 21.30 часот на крстосницата од булевар „Словенија“ и улица „Качанички Пат“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Даеву Матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје и патничко возило „Фиат Стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „Фиат Стило“, О.С.(23) од Скопје кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобиле возачот К.Е. и сопатниците Ј.И.(23) и  К.Ф.(31) од двете возила.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот