Четворица повредени во сообраќајката на патот Велес – Чашка

Четири лица се повредени во сообраќајката меѓу две патнички возила што се случи изутрината на регионалниот пат Велес-Чашка во месноста викана „Долги рид”. Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во хирушката амбуланта при Општата болница во Велес.

Портпаролот на Општата болница Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека повредените во сообраќајката биле донесени кај нив во алкохолизирана состојба и ќе бидат испратени на домашно лекување.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, истакна дека во сообраќајката е причинета материјална штета на возилата. Посочи дека полицијата врши увид на местото каде се случила сообраќајната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот