Четворица повредени во сообраќајка кај Демир Капија

На автопатот Демир Капија – клучка Миравци ноќеска во 1.20 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила, во која со повреди се здобиле четири лица, двајца македонски и двајца српски државјани.

Ккао што соопштија од МВР, сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од Србија, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од скопско Студеничани и патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(40) од Скопје.

Во сообраќајката со повреди се здобиле возачот Б.Ј. и сопатникот од истото возило Т.С.(22) од Србија, кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Гевгелија, а подоцна и другите двајца возачи се пренесени во гевгелиската болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот