Четворица повредени во две сообраќајки во Струмица и Делчево

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Вчера на регионалниот пат Берово –Делчево, во село Тработивиште, возило „опел корса” управувано од А.Д.(19) од село Разловци, делчевско, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телeсни повреди се здобиле возачот А.Д. и сопатникот А.Ѓ.(21) од Делчево, констатирани во Медицински центар Штип.

Истиот ден на регионален пат помеѓу струмичките села Белотино и Попчево, возило „мерцедес” со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Струмица, излетало надвор од колвозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот