Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на коронавирусот

Ученик Ученици Училиште коронавирус ковид-19 Скопје Македонија
Првачиња / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА Марија Димитрова, директорка на Центарот за јавно здравје-Штип. Станува збор за двајца ученици од Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ и по еден од средното електро машинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин” и средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански”.

Во излоација дополнително заминуваат 20 ученици, претходните денови со стартот на учебната година во изолација имаше 53 ученици. Бројката на изолирани ученици во штипските основни и средни училишта досега е 73. Од почетокот на учебната година се до денеска регистрирани се осум ученици кои се позитивни на коронавирусот и тројца наставници од основните и средни училишта.

Во штипската ковид-центар на болничко лекување се 43 пациенти, од кои 39 во модуларната болница и седум во Кожното одделение. Во дневната амбуланта изминатите 24 часа имале 35 прегледи на пациенти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот