Четворица повредени во нападот со украински дронови врз регионот на Белгород

Ракети EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Четворица цивили се повредени денеска во напад на украинско беспилотно летало врз градот Шебекино во руската област Белгород, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

– Градот Шебекино беше нападнат со беспилотни летала на украинските вооружени сили. Четворица цивили се повредени, меѓу кои и двајца работници за итна помош, напиша тој на својот канал на Телеграм – пренесуваат руските медиуми.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле два украински дронови во текот на ноќта и рано утринава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот