Четворица кумановци се уапсени за две кражби

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кумановската полиција денеска уапси четворица кумановци во два одделни случаи за тешка кражба, соопштиja денеска од СВР Куманово.

Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца пак краделе од гаража.

– Утрово во 06: 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода дваесет и деветгодишниот М.З. (29) и четириесет и седумгодишниот Р.Е.поради постоење основи на сомнение дека во три наврати, на 19- ти февруари, 9 и 19-ти април годинава, со употреба на сила влегле во две куќи и еден деловен објект и одзеле разни предмети, соопштија од СВР Куманово.

Исто така, утрово во 06:50 часот, кумановската полиција врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, ги лишиле од слобода Ч.М.(19) и Е.С.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека на 3-ти февруари годинава, со употреба на сила од гаража на Ф.Н. на улица „Пелинска” одзеле повеќе разни предмети.

Четворицата уапсени биле спроведени во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот