Четиринаесет години од хеликоптерската несреќа во катлановско Блаце

хеликоптери македонско знаме
Хеликоптери на АРСМ / Фото: МИА

Со положување цвеќе на спомен-обележјето во катлановско Блаце, денеска ќе бидат одбележани 14 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот Винг на Армијата.

Цвеќе ќе положи делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот на државата и врховен командант на Армијата, од Општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите војници.

Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе ја одбележат годишнината од хеликоптерската несреќа со полагање цвеќе на спомен-обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот