Четириметарските снежни наноси направија хаос во Канада (ВИДЕО)

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ситуацијата дополнително се влоши со тоа што ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час,и во комбинација со обилните врнежи од снег предизвика огромни проблеми во сообраќајот.

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

Локалните жители смислија име за ситуацијата – „сноумагедон” – и така ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај тоа, видливи се и снимки од луѓе кои буквално копаат надвор од своите домови. Метеоролозите неделава најавуваат нов снег. Затоа, вонредната состојба останува во сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот