Четирикратната олимписка шампионка е во Токио, иако 4 пати беше допинг-позитивна во Рио

Фото: EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Гимнастичката Симон Бајлс од САД е повторно фаворит за освојување на четири златни медали на Олимписките игри во Токио.

Американката Бајлс успеа на Игрите во Рио де Жанеиро (Бразил) во 2016 година да се закити со четири златни медали, а сега истите амбиции ги има и во Јапонија.

Пред пет години четири пати беше тестирана и сите четири пати беше допинг-позитивна на амфетамини. Но, таа не беше казнета од Светската антидопинг агенција, бидејќи имала терапевтско ослободување.

Наводно, таа земала недозволени лекови (стимуланси), но тие се користат за терапевтски цели и за тоа постои поим TUE, па може да се користат (како пумпа за астматичари).

Таа пријавила дијагноза (нарушување на вниманието и концентрацијата), што, наводно, го имала уште од дете, па мора да пие лекови што се наоѓаат на забранетата листа.

Нејзината терапија беше 10 мг амфетамин на ден, што практично значи дека не чувствува нервоза, страв, има подобра концентрација и фокус за време на натпреварот. Никој не спори дека таа е една од најдобрите во светот, но сепак, „мала помош од пријател“ во форма на амфетамини, може да помогне кога е лош денот.

Легенди на Олимписки игри: Емил Затопек – „Чешката локомотива“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот