Четиригодишно дете повредено во центарот на Скопје

Фото: МИА

Четиригодишно дете од Словенија вчера е тешко повредено во сообраќајна незгода која се случила вчера во Скопје, извести полицијата.

Според наодите на полицијата околу 15.30 часот на улица „Филип Втори Македонски“ автомобил „голф“ управуван од А.Џ. (42) од Скопје удрило во детето кое пеш ја преминувало улицата.

Во сообраќајката, поради тешките повреди детето било пренесено во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот