Четириесет официјални претставници ќе му поднесуваат извештај на Борис Џонсон за ЕУ - Слободен печат

Четириесет официјални претставници ќе му поднесуваат извештај на Борис Џонсон за ЕУ

Британија ќе ја напушти ЕУ в петок на полноќ. Потоа почнува преодниот период, во кој ќе продолжат да важат постоечките правила додека не се договорат нови долгорочни односи.

Британските преговори со ЕУ по Брегзит ќе ги води тим од 40 официјални претставници, т.н. „Работна група Европа”, која ќе му поднесува извештаи на премиерот Борис Џонсон, изјави денеска негов портпарол.

Британија ќе ја напушти ЕУ в петок на полноќ. Потоа почнува преодниот период, во кој ќе продолжат да важат постоечките правила додека не се договорат нови долгорочни односи. Преговорите за нов договор треба да почнат во март, а Британија ветува дека ќе завршат до крајот на оваа година, како што е планирано.

Работната преговарачка група ќе ја предводи Дејвид Фрост, дипломат и поранешен лобист, кој минатата година беше именуван за советник на премиерот за Европа и водеше секојдневни преговори во Брисел околу договорот за Брегзит, кој беше потпишан минатата недела.

Прочитајте и...  Петар Андоновски: Министерството за култура нема критериуми кога ги доделува средствата за издаваштво

Фрост веројатно директно ќе преговара со главниот европски преговарач Мишел Барние.

Неговиот тим вклучува високи претставници од британското Министерство за финансии и за надворешни работи, а ќе соработува и со други министерства за релевантни прашања.

Прочитај повеќе

Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Слободен печат

Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Слободен печат

Зекири: Не смееме да се јавуваме по судии и да бараме услуга

Слободен печат

Основачот на „Амазон“ ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

Слободен печат

ЕДИ РАМА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: За Албанија собрани 1,15 милијарди евра

Слободен печат

ЕУ и додели на Албанија 100 милиони евра, Велика Британија милион фунти, а Шведска 5,6 милиони евра

Слободен печат

Остави Коментар

три × пет =

Прочитај повеќе

Николовски: Објавените докази од ПИ Мерките за „Рекет” доказ за вмешаност на власта

Слободен печат

ЗАСТРАШУВАЧКИ ПРОЦЕНКИ НА ОН: Половина милион луѓе во Лесото ќе гладуваат поради сушата

Слободен печат

КАМИОН ЛАДИЛНИК со 15 мигранти откриен на бугарска граница, уапсени двајца Грци

Слободен печат

Два авиони за евакуација слетаа во Калифорнија, 14 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат

Извештајот на Европската комисија од 2 до 4 март

Слободен печат

Невада гласа за избор на демократски претседателски кандидат

Слободен печат