Четириесет години по оригиналот: „Netflix“ со нова серија инспирирана од култниот анимиран филм – „Hi-Men“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Нетфликс го објави првиот трејлер за новата верзија на култниот цртан филм Хи-мен, серијата Masters of the Universe: Revelation.

Креаторите истакнаа дека нема да се работи за римејк на класичниот анимиран филм, но дејството ќе продолжи таму каде што заврши оригиналната серија во 1985 година.

„Ова е продолжение на приказната. Ние користиме оригинална митологија и ликови, но подлабоко се справивме со некои приказни кои сè уште не се решени“, истакнал авторот Кевин Смит.

Нетфликс ја најави премиерата на серијата за 23 јули оваа година. Ќе бидат објавени пет епизоди и специјална епизода.

Патем, оригиналниот Хи-мен беше прикажуван од 1983 до 1985 година и беа емитувани вкупно 130 епизоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот