ЧЕТИРИ ЖЕНИ ГО ТУЖАТ АКТЕРОТ ЗА СИЛУВАЊЕ: „Ме дрогираше и ме влечеше гола низ соба“

дени масертон
Фото Профимедиа

Ѕвездата од „Луди 70-ти“, Дени Мастерсон, доби четири тужби за силување и сексуална злоупотреба. Истите жени ја тужат и скиентолошката црква.

Тужбите ги поднеле две негови поранешни девојки и уште две други, кои сакале да останат анонимни. Тие тврдат дека поглаварот на црквата ги уценувал да молчат и да не раскажуваат што им се случило со актерот.

Но, по многу години тие решиле да се здружат и да ја обелоденат страшната приказна за јавноста. Една од нив сведочела дека актерот секојдневно ја присилувал на секс, а ако одбиела, тој бил насилен со нејзе и ја понижувал на страшни начини.

Другата пак, сведочела дека откако го пријавила Дени, по кратко време некој ѝ го хакирал мејлот, но и ѝ провалиле во домот среде ноќ.

Матерсон ги демантира сите овие тужби, а истото го направиле и претставници на скиентолошката црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот