Четири точки на телото каде парфемот најдолго трае

Сигурно сте забележале дека кај некои личности парфемот трае цел ден, додека кај други „исчезнува“ кратко откако го нанеле.

Поентата не е во нанесената количина, туку на точките на телото каде го ставате.

Секако, навикнати сме да ставаме парфем на вратот и на рачните зглобови и тоа е сосема во ред, но тоа не се точките каде мирисот најдолго се задржува.

Затоа, следниот пат ставете парфем и на овие четири места:

Кај вените на раката

Кожата на местото каде раката се превиткува е тенка, а под нејзе има многу крвни садови. Затоа е добро да ставите парфем токму тука.

Зад колената

Важи исто како и за раката, кожата е тенка, а под нејзе има мноштво крвни садови.

Хидрирана кожа

Ова не е точно одредена точка, може да биде деколтето, грбот, стомакот, која било точка каде претходно сте намачкале хидратантна крема без мирис.

Зад ушите

Ова е место каде парфемот ќе се задржи долго бидејќи дел ќе се впие и во коренот на косата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот