Четири сомнителни случаи на брод со 3000 патници

Бродот е закотвен на белгиско пристаниште, а на патниците не им се дозволува да го напуштат пловилото.

Властите во Брисел соопштија дека на едно од белгиските пристаништа пристигнал брод на кој биле регистрирани четворица сомнителни патници на корона вирус. Тие се ставени во изолација, а вкупниот број на патници на бродот изнесува три илјади, на кои за сега не им е дозволено да се симнат.

Властите соопштија дека еден од патниците бил во контакт со германски државјанин заразен од Ковид-19.

Белгиското Министерство за здравство е во контакт со управата на пристаништето за натамошните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот