Четири скокалници: Кобајаши најдобар и во Гармиш

Рјоју Кобајаши беше најдобар и на втората станица од Новогодинешната турнеја, Четири скокалници/ фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Рјоју Кобајаши победи на „втората станица“ од Новогодинешната турнеја во ски скокови, четири скокалници, и направи голем исчекор кон конечен триумф.

Јапонецот во Гармиш партенкирхен победи со скокови од 143 и 135.5 метри. Кобајаши беше најдобар во првата серија, а предноста успеа да ја зачува во втората серија и да победи со освоени 291.2 поени.

Второто место му припадна на Германецот Маркус Ајзенбихлер кој имаше скокови од 141 и 143.5 метри и освои вкупно 291 бод. Третотo место го освои Словенецот Кос со скокови од 135.5 и 138 метри.

Во генералниот пласман на Четири скокалници води Кобајаши со 593.2 поени, втор е Норвежанецот Линдвиг со 580, а трет е Кос со 575.5 освоени поени.
Новогодинешната турнеја продолжува на 3 и 4 јануари во Инсбрук, а последна станица е Бишофсхофен на 6 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот