Четири симптоми на остеопороза, некои никогаш не би ги поврзале со болеста

Остеопорозата е метаболичко заболување кое предизвикува губење на коскената маса, што резултира со кршливи коски и зголемен ризик од фрактури.

Тоа е една од таканаречените „невидливи“ болести, бидејќи симптомите и последиците се јавуваат кога веќе е во поодмината фаза. Се проценува дека една од три жени и еден од пет мажи постари од 50 години ќе доживеат фрактура на коските поради остеопороза.

Главниот ризичен фактор е стареењето, односно со него поврзаните хормонални и метаболички промени. Можеме да разликуваме постменопаузална остеопороза, која се појавува поради пад на нивоата на естрогенот, најчесто кај жени на возраст меѓу 50 и 70 години, сенилна остеопороза, поврзана со стареењето, која најчесто се појавува по 70-тата година од животот. Со стареењето на населението, се очекува дека остеопорозата, веќе сега многу честа состојба, да стане уште позначаен јавно здравствен проблем.

Некои од дополнителни ризични фактори се:

– остеопороза и фрактури на колкот во семејната историја

– многу ниска телесна маса (БМИ <19)

– хипертироидизам

– пушење и прекумерно консумирање алкохол

– ревматоиден артритис

– малапсорпција на хранливи материи, на пример кај целијакија или Кронова болест

– одредени лекови, како што се кортикостероиди, антиепилептици, хепарин

Како до дијагноза?

Општоприфатен метод за дијагноза на остеопорозата е дензитометријата, односно мерењето на коскената густина. Дензитометријата се препорачува за жени над 65 години, жени во менопауза со ризични фактори и луѓето кои доживеале фрактура по мала траума.

Симптоми

Може да се појават следниве симптоми:

– болка во грбот (веднаш по фрактурата на пршлени болката е остра и ненадејна, но со текот на времето станува тапа)

– намалување на телесната висина (одеднаш предолги ногавици на панталоните)

– формирање на грпка (предизвикана од колабирани пршлени)

– фрактура на коските по мошне мала траума.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот