Четири се влезени во трета фаза: Кина испитува вкупно 11 вакцини против Ковид-19

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Кина во моментот врши клинички испитувања на 11 потенцијални вакцини против Ковид-19, а четири од нив се влезени во трета фаза, изјави кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг.

Истражувачите и научниците ширум светот непрекинато работат на развој на вакцина против новиот коронавирус, како најефикасно решение против пандемијата.

Претходно, кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ) соопшти дека вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември.

Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм” и „Синовак биотек” развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс”, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот