Четири романи влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска („Или-или“), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски („Или-или“), „Деса“ од Ивана Трајаноска („Арс Либрис“) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ („Паблишер“) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

На годинашниот конкурс пристигнаа 39 романи, а жири-комисијата во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ на 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, соопштија од Фондација „Славко Јаневски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот