Четири раси на кучиња кои се најдобри за луѓе кои страдаат од алергии

Ниту една раса на кучиња не е 100 отсто хипоалергично, но според Американскиот кинолошки клуб, постојат одредени раси на кучиња кои луѓето што имаат проблем со алергии може да ги чуваат.
Луѓето кои страдаат од алергии обично се алергични на протеин што кучињата го излачуваат преку нивната кожа, а кој исто така се наоѓа во нивната урина и плунка.
Малите кучиња, кои ослободуваат помалку алергени, можат да бидат совршени домашни миленици за луѓето кои страдаат од алергии.
Тие се лесни и за тренирање бидејќи сакаат да ги задоволуваат своите сопственици и исто така се совршени миленици за градскиот живот.
Во продолжение ви ги претставуваме четирите раси на кучиња кои се најдобри за луѓето што страдаат од алергии.
Бишоните се многу весели кучиња со виткано крзно, кои одлично се согласуваат со другите раси и со децата.

Малтешките пудлици се мали кучиња со тежина од три до четири килограми, познати по нивното долго, свилено, бело крзно. И покрај нивната големина, тие се многу еластични и прилагодливи кучиња, кои се согласуваат со луѓе од сите возрасти. Тие знаат да бидат малку тврдоглави, па ќе треба да посветите внимание на дресурата.

Имаат кадраво крзно кое доаѓа во различни бои. Пудлиците се многу активни кучиња, а исто така се сметаат за една од најинтелигентните раси, што ги прави лесни за учење на разни трикови.
Шнауцерот, слично како пудлиците, доаѓаат во три различни групи, големи шнауцери, средни шнауцери и минијатурни шнауцери.
Сите три групи шнауцери се познати по својата интелигенција и пријателска природа, но средните и големите шнауцери бараат поискусни сопственици.

Овие кучиња се исклучително активни, па им треба многу вежбање за да се ослободат од вишокот енергија. Покрај тоа, тренирањето на шнауцерите треба да се започне што е можно порано, бидејќи тие се знаат да бидат тврдоглави кучиња.
Јоркширскиот териер, е едно од најпопуларните домашни миленици, во минатото оваа раса на кучиња се користела за ловење нa стаорци.

Тие се храбри и издржливи кучиња, тешки околу три килограми и совршени за живеење во станбен простор. Иако се мали, бараат трпение од сопствениците кога ги тренираат.