Четири работи кои ја убиваат страста во врската или бракот

Фото: Профимедиа

Ако сте забележале дека во вашата врска или брак има сè помалку страст можно е за тоа да сте виновни вие самите, односно некои лоши навики и здравствени проблеми.

Со овие четири можни начини ја убивате страста во врската:

Лоша исхрана

Ако сте на диета поради доаѓањето на летото можно е да не јадете доволно со што се намалува сексуалниот нагон. Тоа е логично бидејќи со помал внес на калории телото ќе има помалку енергија па веројатно нема да ја троши на сексуални активности.

Недостаток на сон

И ова е логично, ако спиете помалку од 6 часа дневно навечер веројатно нема да бидете наспани и нема да бидете расположени за секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо бидејќи доаѓа до забавено лачење на тестостерон што ја намалува желбата за секс.

Анемија

Ако сте анемични треба да внесувате повеќе железо, на тој начин ќе ја вратите и желбата за секс.

Прејадување

Ако навечер сте склони на прејадување тешко потоа ќе имате било каква желба за секс. Особено ако јадете храна богата со заситени масти која може да го намали протокот на крв во половите органи. Ова важи и за мажите и за жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот