Четири предмети од домаќинството што можат одлично да послужат како маска!

Profimedia

Повеќето луѓе носат маски направени дома, од ткаенина или марама. Таквите маски ги блокираат потенцијалните капки кои го предизвикуваат вирусот, а кога се испуштаат во воздухот додека некоја личност кашла, кива, разговара или дише.

Додавајќи на посебни филтери на вашата домашна маска може да ја направат поефикасна. Овие филтери се особено важни доколку маската сте ја направиле од еден слој ткаенина или од марама.

1.Хепа филтери

Според истражувањара на Универзитетот за наука и технологија во Мисури, повеќеслојните ХЕПА филтери обично се еднакво ефикасни како и H95 маските за блокирање на аеросоли.

2. Хартиени крпи 

Иако сами по себе не се сосема доволни како материјал за маска, хартиените крпо се совршени како филтери за внатрешноста на маските од ткаенина. Дуплиот слој од хартиени крпи може да го блокира вирусот до 33%, покажуваат истражувањата на компанијата за прочистување на воздухот Smart Air.

3. Филтери за кафе

Докажано е дека филтерите за кафе го намалуваат бројот на честички кога се ставаат како маска за заштита на лицето. Меѓутоа, морате да бидете внимателни бидејќи овие филтери се многу густи, па е тешко да се дише преку нив. Но, ако изберете поретки филтери за кафе, ќе биде совршена заштита покрај вашата домашна маска од платно.

4. Женски хулахопки

Освен поставување филтер во маската, друга опција е додавање на слој за филтрација врз маската. Неодамнешни истражувања на еден универзитет, докажаа дека додавањето на најлонски чорапи на надворепниот дел од маската, можат до 50% ефикасно да ги блокираат честичките кои се пренесуваат преку воздухот.

Многу е важно домашните филтри за маска да овозможуваат доволен проток на воздух. За да знаете дали ќе можете да дишете под вашите рачно изработени маски, потребно е филтерот да го ставите дитектно на уста и да видите дали можете да дишете преку него.

Видео на денот